Интересна е хрватската лига, Динамо го загуби загрепското дерби

Локомотива го изненади Динамо со 1-0, и потврди дека кога се игра градско дерби, нема апсолутни фаворити. Модрите беа големи фаворити пред мечот, но Локосите рано дадоа гол во 8-ма минута, и умешно и среќно ја зачуваа минималната предност. За Локомотива, ова е само четврта победа во меѓусебните дуели со Динамо.

Динамо имаше голем број шанси, Бруно Петковиќ утна и пенал, топката како не сакаше да влезе во голот на Локомотива. Кога конечно во 90-та минута Динамо ја затресе мрежата на домашните, по интервенција на ВАР, погодокот беше поништен, па Динамо го претрпе вториот пораз сезонава.

Стефан Ристовски играше до 86-та минута, додека Аријан Адеми поради повреда, не беше во составот на хрватскиот првак. После овој пораз, Динамо има три бода помалку од Осиек, но и еден меч помалку од лидерот.

- Оглас -

Најнови вести