Интересна проекција – Скапи би биле легендите на Баерн, Герд Милер би чинел 205 милиони евра

Популарниот сајт за трансфери и проценка на вредноста на играчите и клубовите „Трансфермаркет“ направи интересна проекција за вредноста на легендите на Баерн, доколку тие би играле во денешно време.

Опасниот напаѓач Герд Милер според „Трансфермаркет“ би вредел 205 милиони евра, што би бил втор најскап трансфер во историјата, зад Нејмар, за кого ПСЖ и плати на Барселона 225 милиони евра.

Дрим-тимот на Баерн изгледа застрашувачки, а би чинел една милијарда и 50 милиони евра. Франц Бекенбауер би чинел 190 милиони евра, Карл-Хајнц Румениге според денешните параметри би вредел 155 милиони евра, Лотар Матеус 130 милиони евра, а Баерн би барал над стотка и за Ули Хенес, кој е проценет на 125 милиони евра.

 

Баерн Минхен

- Оглас -

Најнови вести