Касано малку се занесе: Само Роналдо блескаше како Кварацхелија

Антонио Касано, како и многумина во Италија, се воодушевени од настапите на Квича Кварацхелија, играчот на Наполи, кој ќе ѝ биде главен адут на Грузија во петок, во клучниот меч против Македонија во Лигата на нациите.

Популарниот Квара е хит во Серија А, а потполно го фрли во сенка токму нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој му е резерва и во неколку наврати влегуваше во игра како замена за Грузиецот.

„Квара може да игра во кој било тим на светот. Ме изненади колку е супериорен, како дрибла, колку е брз и прецизен со врвна техника. Само феноменот Роналдо имаше сличен импакт кога дојде да игра во Серија А“, вели Касано.

Кварацхелија ова лето притстигна во Наполи од Динамо Батуми и веднаш стана хит на Чизмата.

Грузиецот игра одлично и вкупно во Серија А и во Лигата на шампионите постигна 4 гола со две асистенции на вкупно 9 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести