Интересно и малку пристрасно: Направија идеален состав на поранешна Југославија, нема ниту еден Македонец

Новинарите на англискиот спортски портал „GiveMeSport“ се обидоа да состават репрезентација од 11 фудбалери што доаѓаат од просторите на поранешна Југославија и во идеалниот тим нема ниту еден македонски репрезентативец.

Модерната Југославија би била исклучително силна репрезентација и според новинарите на порталот и еден од фаворитите за титули на големите натпреварувања.

Составот е од пет хрватски, четири српски, еден црногорски и еден репрезентативец на Словенија.

Ниту еден играч не е вклучен од селеккциите на Македонија, БиХ и Косово.

Голман е Јан Облак од Словенија, дефанзивци се Миленковиќ од Србија, Савиќ од Црна Гора и Гвардиол од Хрватска.

Во средниот ред одбраната петорка ја сочинуваат Хрватите, Модриќ, Брозовиќ, Перишиќ и Ковачиќ, со Тадиќ од Србија.

Полушпиц е Милинковиќ-Савиќ од Србија, а класичен напаѓач е неговиот сонародник Душан Влаховиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести