Интересно коло на Спортска прогноза со неколку големи фаворити – Одиграјте денеска до 15 часот за „ајфон 11“

Неколку големи фаворити има во 18. коло на Спортска прогноза, според досега одиграните комбинации на се поголемата армија учесници во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Се уште има време да се приклучите со своите прогнози во ова коло, а рокот е до 15 часот денеска, со почетокот на првиот меч од популарната „Тринаесетка“ меѓу Беневенто и Аталанта.

Токму Аталанта е еден од големите фаворити според досега одиграните комбинации на редовните учесници во третата сезона на Спортска прогноза.

Дури 93 проценти типуваат на победа на гостите од Бергамо, а само едeн процент помалку очекуваат и сигурен триумф на Барселона против Гранада.

Над 80 посто прогнозираат дека Лацио ќе ја победи Парма на гостински терен, апсолутен фаворит е и Фиорентина против Калјари, а се очекува и триумф на Ајакс во холандското дерби против ПСВ Ајндховен.

Ако нема изненадувања на овие пет натпревари, тоа е одлична подлога да се искомбинира добитна комбинација од 13 погодени двојки во трката за „ајфон 11“.

Прекрасниот мобилен телефон е награда за учесниците што ќе ги погодат сите натпревари во колото на популарната „Тринаесетка“.

Се што треба за да се приклучите на бесплатната игра со многу подароци е да имате СЛ картичка и да одиграте според ваш вкус со прогноза на 13 дуели, плус два резервни пара, кои се еднакво важни, бидејќи поените важат во битката за Генерален пласман.

По завршувањето на сезоната, трета по ред на Спортска прогноза, шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има тип-награди и за уште четири најдобри прогнозери за оваа сезона.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести