Интересно: Меси и Роналдо имаат идентичен број на погодоци како и нивните наследници

Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе денес беа двојни стрелци во победите на Дортмунд против Волфсбург, односно на ПСЖ против Мец, по што двете млади ѕвезди од кои се очекува да доминираат во наредната деценија, стигнаа до цифрата од по 25 првенствени погодоци.

Мбапе е прв стрелец во Лига 1 со 25 гола, Халанд е најблиску до Левандовски во Бундеслигата со исто така 25 погодоци, а интересно е што имаат идентичен учинок како Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси во Ла Лига е најдобар со 25 гола досега, Роналдо исто така предводи во трката за најдобар стрелец во Серија А со 25 погодоци, а интересен е фактот што нивните наследници веќе најавуваат дека ќе ја преземат штафетата.

Што се однесува до учинокот во сите натпреварувања, Халанд е најефикасен од четворицата владетели во фудбалот, но ќе се види дали така ќе остане до крајот на сезоните во топ 5 лигите во Европа.

Халанд 37 гола и 11 асистенции во 38 настапи

Мбапе 35 гола и 10 асистенции во 41 настап

Меси 33 гола и 14 асистенции во 41 настап

Роналдо 32 гола и 4 асистенции во 38 настапи

- Оглас -

Најнови вести