Инцидент на Вимблдон, демонстранти влетаа на теренот и растураа портокалови конфети (Фото+Видео)

Маж и жена на возраст од 66, односно 68 години, активисти од организацијата Just stop oil (Само запрете ја нафтата), денеска изведоа „перформанс“ на теренот број 18 на Вимблдон и го прекинаа мечот помеѓу Григор Димитров и Шо Шимабукуро.

Тие влетаа на теренот додека Бугаринот се подготвуваше да сервира и низ теренот расфрлаа портокалови конфети. Жената (некогашна наставничка) брзо беше фатена, а мажот кој е поранешен музичар, седна на теренот со прекрстени нозе, па и тој беше собран од обезбедувањето.

Активистите од Just Stop Oil годинава направија инциденти и во финалето на Премиер лигата во рагби и на Светското првенство во снукер, кога на масата истурија портокалов прашок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести