Инцидент во П’лзењ – Бед Блу Бојс во жестока битка со полицијата

Околу 1.500 навивачи на Динамо Загреб имаа куса, но жестока битка со полицијата во П’лзењ на неколку часа пред почетокот на осминафиналниот дуел меѓу чешкиот претставник и првакот на Хрватска во осминафиналето на Лигата на Европа.

Голем дел од припадниците на Бед Блу Бојс немаат билети, а се обидоа да влезат на стадионот, па реагираше и тоа жестоко полицијата. Со солзавец се обидоа да ги смират незгодните гостински навивачи, кои се познати по инцидентите, особено кога гостуваат следејќи го Динамо Загреб.

Вечерва популарните „модри“ по половина век ќе играат двомеч во нокаут-фаза во европските купови, а ривал им е домашниот П’лзењ.

- Оглас -

Најнови вести