Аргентинскиот репрезентативец во хокеј, Лукас Роси, засега го има епитетот најнеспортист на Летните олиписки игри во Токио, откако на мечот со Шпанија, со палката намерно го удри Давид Алегре, и предизвика инцидент.
Во финишот на средбата, Алегре лежеше на земја бидејќи имаше грчеви во нозете, еден друг аргентински играч му помагаше, и тогаш пријде Роси, и со палката го „поткачи“ Шпанецот. Настана мешаница, но судијата брзо ги смири играчите.
Мечот заврши со резултат 1-1.