Инѕаги е пред нов договор со Лацио

Симоне Инѕаги ќе добие понуда која ќе го натера да остане во Лацио и во следниот период. Според најавите, Небесносините ќе му понудат на Инѕаги продолжување на договорот до 2023 година. Актуелниот договор на Инѕаги е до крајот од следната сезона и иако има време, во римскиот клуб речија да не чекаат многу.

Инѕаги не само што не сака да си оди од Лацио, туку со новиот договор ќе добие и покачување на платата, па годишно ќе заработува по 2,5 милиони евра. Ако Лацио успее да ја освои титулата во овој период, автоматски вредноста на тренерот ќе скокне на три милиони евра месечно.

Некогашниот италијански фудбалер седна на клупата на Нацио уште во 2016 година, а оттогаш прави одлични работи со тимот. Лацио моментно е на второто место на табелата со само еден бод помалку лидерот Јувентус и со реални шанси да се бори за освојување на титулата.

- Оглас -

Најнови вести