Инѕаги: Многумина ми викаа да не доаѓам во Интер, а веќе освоив шест трофеи

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги првпат во кариерата стана шампион на Италија. Интер го обезбеди Скудетото во Серија А откако синоќа со 2:1 славеше над градскиот ривал Милан и сега има недостижни 17 бода пред второпласираниот тим, и тоа на пет кола до крајот.

Инѕаги е пресреќен за успехот и вели дека одлуката да дојде во Интер му била повеќе од исправна, иако немал многу поддршка.

„Чувството е неверојатно. Направивме голем успех, а има многумина кои се заслужни за тоа. Секој ден работам напорно за да стигнам да ги остварам амбициите. Овој тим има потенцијал. Моето патешествие во Интер е прекрасно. Секогаш ќе му бидал благодарен на Лацио, кој му даде шанса да започнам тренерска кариера, но почувствував дека беше време за промена. Многумина ми велеа да не одам во Интер, но почувствував дека тоа е правилното што треба да го направам. Добивав многу критики, но веќе имам шест трофеи освоено со Интер“, задоволно коментираше Инѕаги.

- Оглас -

Најнови вести