Инѕаги: Нашата група е како да сме во Лига шампиони, а не во Лига на Европа

Лацио вечерва гостува кај Клуж во Романија, во првото коло од групната фаза од Лигата на Европа. Освен Клуж, во оваа група противници на Лацио ќе му бидат и Рен и Селтик. Тренерот на римскиот тим, Симоне Инѕаги, се жали дека Лацио е во многу тешка група.

„Ова е многу тешка група. Повеќе е на нивото на Лигата на шампионите отколку на Лигата на Европа. Селтик и Клуж беа во квалификациите од ЛШ, а Рен го освои францускиот Суперкуп и игра многу добро. Ова не е воопшто добро за нас“, вели Инѕаги, кој потоа се задржа на анализа на денешниот ривал. „Клуж е цврста екипа. Агресивни се и имаат добар тренер, а тоа е Дан Петреску. Ќе има многу важни дуели на секој дел од теренот. Ако треба да одберам играч на кој посебно треба да внимаваме, тоа е Билел Омрани“, додаде Инѕаги.

Дуелот Клуж – Лацио се игра во 18:55 часот. За комплетната понуда за обложување на сите мечеви од Лигата на Европа, проверете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести