Инѕаги: Не заслуживме пораз, уште 10 пати да играме со Милан, девет пати би ги победиле

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, беше разочаран после поразот од Милан, и смета дека неговиот тим не заслужил да загуби.

„Тоа е фудбалот. Доминиравме во секој аспект, но ни падна концентрацијата во финишот. Милан имаше среќа при првиот гол, а при вториот одиграа паметно. Ви првите 60 минути се играше само на нивна половина, па при примениот гол се изнервиравме и го загубивме фокусот. Мора да ги анализираме грешките. Не заслуживме пораз. Уште десет пати да играме против нив, веројатно би загубиле само еднаш“ – изјави Инѕаги.

- Оглас -

Најнови вести