Инѕаги: Ограбени сме затоа што двајца клучни играчи ќе ги немаме во реваншот против Јувентус

Интер одигра 1:1 на гости кај Торино против Јувентус во првиот меч од полуфиналето на Купот и сега на свој терен во реваншот ќе брка каква било победа за да се пласира во финалето. Ромелу Лукаку даде гол од пенал во 95-тата минута за 1:1 во Торино, но токму тој гол беше причина за зовривање на страстите кај поголем дел од фудбалерите во дватра тима.

Поради начинот на којшто го прослави голот, Лукаку доби црвен картон, а потоа исклучени беа и Самир Хандановиќ кај Интер и Хуан Квадрадо од Јувентус. Целиот тој хаос може да го видите ТУКА.

По мечот, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, беше многу разочаран од фактот дека голманот Хандановиќ и Лукаку во нападот нема да може да играат во реваншот.

„Радоста на Лукаку беше погрешно протолкувана. Тој секогаш така прославува и жалам што поради тоа се направија такви немили сцени. Двајца фундаментални играчи како Хандановиќ и Лукаку ќе ги немаме за реваншот. Дури за двајца важни играчи сме ограбени пред реваншот. Играта беше многу чиста и фер сè до 95-тата минута“, вели Инѕаги.

Вечерва се игра првиот меч од второто полуфинале во кое Кремонезе е домаќин на Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести