Инзаги останува во Лацио до 2023 година

Симоне Инзаги има голема заслуга што Лацио се наметна како конкурент за шампионската титула во Серија А. Затоа управата ќе го награди италијанскиот стратег со нов договор според кој ќе се задржи на клупата до јуни 2023 година. Инзаги добива и поголеми примања, ќе инкасира три милиони евра по сезона плус одредени бонуси.

Веќе четири години Инзаги ги предводи Лацијалите и оваа сезона неговата екипа е сериозен конкурент на Јувентус за Скудетото. Пред да се прекине сезоната поради пандемијата со корона-вирусот, Лацио заостануваше само еден бод зад Бјанконерите, кои се на врвот на табелата со 63 бода по 26 меча.

Откако ќе се добие точниот датум за рестартирањето на сезоната, Лацио со сигурност ќе го нападне тронот со цел да стави крај на доминацијата на Старата дама.

- Оглас -

Најнови вести