Инѕаги пред мечот на Лацио со Севилја: Дојдовме да одиграме сјаен меч

Покрај двата меча во Лигата на шампионите, со кои ќе се комплетираат првите мечеви од осминафиналето, вечерва ќе има и едно дерби во Лигата на Европа. Севилја на свој терен го пречекува Лацио. Шпанскиот тим е убедливо најдобриот клуб во Европа кога се работи за настапот во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА. Сега и против Лацио има предност од 1-0 по првиот меч одигран во Рим, што значи дека на домашен терен треба само рутински да одработи пласман во следното коло.

Сепак, со ова не се согласува тренерот на Лацио, Симоне Инѕаги, кој е лут бидејќи по поразот од Севилја, неговиот тим загуби и во Серија А од Џенова на гости.

„Лути сме. Против Џенова одигравме добро и таквите мечеви треба да ги добиваме, а ние загубивме. Криво ми е за резултатот од таа средба, но не и од играта. Сега сме дојдени во Севилја да одиграме еден сјаен меч. Првиот меч го реши контранападот, а ние и тогаш имавме шанса да дадеме гол. Бевме подобри, создававме шанси, но не реализиравме. Сега ќе мора да постигнеме барем два гола“, најави Симоне пред денешниот меч против Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести