Инѕаги се обидува да го намали притисокот: „Не сме фаворити за титулата“

Екипата на Интер е лидер во италијанската Серија А со два бода пред најблискиот конкурент, Јувентус. Сепак, според тренерот Симоне Инѕаги, нема место за еуфорија бидејќи првенството е долго и има уште многу да се игра. Со оваа изјава тој се обидува да го намали притисокот на неговите фудбалери, со оглед на високите очекувања на навивачите.

„Не сакам да зборувам за тоа дека сме фаворити за титулата. Серија А е квалитетно натпреварување, има да се игра уште многу до крајот и тоа што имаме два бода предност не значи ништо. Сепак, единственото што можам да им го ветам на нашите навивачи е дека ќе се бориме најдобро што знаеме за да дојдеме до добри резултати во домашното првенство, купот и Лигата на шампионите. Луѓето веруваат во нас поради начинот на којшто играме, но мора да бидеме искрени и да кажеме дека Интер не е најбогатиот клуб во Италија. Ние не продаваме фудбалери за високи суми, дури ни сега кога игравме во финалето на Лигата на шампионите“, вели легендарниот Италијанец кој го предводи Интер од клупата.

- Оглас -

Најнови вести