Инзаги: Заслуживме да играме во финалето на ЛШ

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изјави дека неговите фудбалери заслужуваат в сабота во Истанбул да играат во финалето на Лигата на шампионите исто колку и играчите на Манчестер сити.

За голем дел од медиумите, пласманот на Манчестер сити во финалето на ЛШ не е изненадување, а тоа не може да се каже за Интер.

Интер во саботното финале кое ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ ќе има аутсајдерска улога, но Инзаги мисли сосема поинаку.

„Манчестер сити веќе освои два трофеи оваа сезона, но тоа го направи и Интер. Сити в сабота ќе игра против тим кој заслужува да биде во спектаклот во Истанбул“, изјави Инзаги.

- Оглас -

Најнови вести