Инзаги: “Заслуживме повеќе, топката не сакаше да влезе во противничката мрежа“

Екипата на Интер го загуби финалето на Лигата на шампионите од Манчестер Сити со 1-0, иако избраниците на Пипо Инзаги одиграа одличен натпревар и многу лесно можеше да се случи натпреварот да има и поинаков тек.

– “Одигравме одличен натпревар и треба да бидеме горди на тоа. Не треба да мислиме на тоа што би било кога би било. Го прегрнав секој мој фудбалер, беа неверојатни, како и нашите навивачи. Заслуживме подобар резултат, но се надевам дека навивачите се задоволни како одигравме вечерва. Видовте во последните 25 минути, топката не сакаша да влезе во нивната мрежа. Тоа секому може да му се случи, но на нас ни се случи во финалето на Лигата на шампионите.“ – изјави Инзаги после финалето против Манчестер Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести