ИОК препорача враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународни натпреварувања

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) денеска препорача руските и белоруските спортисти да се вратат на меѓународните натпреварувања, но да настапуваат под неутрално знаме и под услов досега да не ја поддржале руската воена инвазија врз Украина.

Оваа препорака се однесува само на спортистите кои се натпреваруваат во поединечна конкуренција, додека за репрезентациите останува забраната за настап.

ИОК најави дека наскоро ќе донесе и конечна одлука дали руските и белоруските спортисти ќе добијат зелено светло да настапат на Летните олимписки игри во Париз што треба да се одржат идната година.

Најголеми противници на враќањето на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри се: Полска, Обединетото Кралство и балтичките земји Летонија, Естонија и Литванија, кои потпишаа заедничка декларација со која бараат да остане забраната за Игрите во Париз.

- Оглас -

Најнови вести