Познат уште еден учесник на Светското првенство во Катар

Репрезентацијата на Иран е првата земја кои преку квалификациите од Азија си обезбеди место на завршницата на Светското првенство во Катар. Иранците на свој терен во Техеран минимално со 1:0 го победија големиот ривал Ирак и на тој начин и теоретски обезбедија место на завршницата на Мундијалот кој ќе се игра на крајот од оваа година.

За Иран ова е вкупно шесто учество на СП, а дури петто во последните седум Мундијали. Единствниот гол за Иран, доволен за победа и освојување на трите бода, го постигна Тареми во 48-мата минута.

По седум одиграни кола во Групата А, Иран е лидер со 19 бодови, пред Јужна Кореја со 17, а потоа следуваат Обединети Арапски Емирати со девет бодови, Либан со 5, Ирак има 4, а Сирија е последна само со два бода.

Во последните три кола Јужна Кореја само теоретски треба да го обезбеди второто место, кое исто така носи директен пласман на СП. Јужна Кореја денеска со 1:0 славеше на гости кај Либан, но нема дефинитивно место на Мундијалот затоа што три бода освои и ОАЕ по победата дома со 2:0 против Сирија.

Досега се познати вкупно 14 учесници на Мундијалот 2022 година. Освен домаќинот Катар, таму ќе бидат и Германија, Данска, Бразил, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија, Холандија, Аргентина, а од денеска и Иран.

- Оглас -

Најнови вести