Иранките покажаа дека знаат да навиваат (Видео)

Денеска е историски ден за светскиот фудбал и за правата на жените, бидејќи за првпат после 40 години, на трибини на меч во Иран беше дозволен влез на припаднички на понежниот пол. Околу 3.500 жени беа во еден сектор на стадионот, и ја бодреа својата репрезентација која ви квалификациите за СП 2022, ја растури Камбоџа со 14-0.

 

По првото полувреме резултатот беше 7-0, веднаш се виде дека Иранците се мотивирани да го разбијат слабиот гостин кој утна пенал, со кој можеше да постигне барем еден почесен гол.

Забраната за присуство на жени на стадионите во Иран беше воведена во 1979 година од религиозни причини, за време на Исламската револуција. Но, во последно време ФИФА силно го притискаше Иран да ја симне забраната, и да не ги казнува жените кои досега кришум одеа на стадион и ризикуваа да добијат затворска казна.

Засега жени смее да има само на мечевите на репрезентацијата. За потребите на мечот, имаше посебни влезови и тоалети за жени. Според она што се гледа и слуша, Иранките во навивањето воопшто не заостануваат зад мажите.

https://twitter.com/i/status/1182309189714157569

- Оглас -

Најнови вести