Синоќешната победа од 3-0 против Борац Бања Лука потврди дека Шемрок роверс е најпријатното изненадување во Конференциската лига.
Ирскиот вицешампион летоска играше квалификации за Лигата на шампионите (беа елиминирани од Спарта Прага), потоа во Лигата на Европа, а откако испаднаа и оттаму (ги исфрли ПАОК), успеа да се пробие до лигашката фаза во Конференциската лига и покажува дека заслужува да игра во Европа.
По пет кола, имаат три победи и два пораза и моментно се на позиција на табелата која води во нокаут-фазата. Освен Шемрок, без пораз се само уште Челзи и Виторија Гимараиш.
Овие 11 бода на Шемрок се рекорд за еден ирски клуб во кој било од европските купови.