Ирвинг со звукот на сирената го сруши Денвер, Дончиќ статистички многу подобар од Јокиќ (Видео)

Вистинска драма се случуваше вечерва во „Американ ерлајнс арената“ во Далас, на дуелот помеѓу домашните Маверикс и актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс. Кајри Ирвинг е херој на домашните, откако со звукот на сирената успеа да погоди од поле за победа од 107-105.

Домашните долго доминираа и го имаа водството, но гостите во финишот успеаја резултатски да се вратат во мечот, дури и да поведат со 102-105. Сепак, мини-серијата на Далас од 5-0 во последните моменти од мечот беа клучни за победата.

Најдобар на теренот беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со 37 поени, на кои додаде и девет скока и три асистенции. На спротивната страна, Никола Јокиќ мечот го заврши со само 16 поени, но и дабл-дабл ефект бидејќи имаше и 11 скока и седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести