Исак го носи Њукасл кон Лигата на шампионите

Фудбалерите на Њукасл славеа на гостувањето кај Нотингам Форест со 2:1 во првиот натпревар од 28-то коло во Премиер лигата.

Со оваа Њукасл дојде на само еден бод од четвртопласираниот Тотенхем (48 бода), но Чавките имаат натпревар помалку и со евентуален триумф ќе ги прескокнат Петлите на табелата.

Херој на Њукасл е шведскиот репрезентативец Александер Исак кој го постигна два гола, а тој за победа го даде во третата минута од судиското продолжение.

Голот за домаќинот кој остана на 14-то место на табелата со 26 бода, го постигна Денис во 26-та минута.

- Оглас -

Најнови вести