Исени го реши дербито, Шкупи е на врвот

Шкупи успеа да го добие дербито од десеттото коло против Силекс во Првата македонска лига, а одлучи голот на Бесар Исени во 53. минута.

Во тврд меч домаќините најдоа рецепт за победа, со која сега се лидери на табелата со 22 бода, еден повеќе од Шкендија, но со меч повеќе.

Исени беше најснаодлив на почетокот на второто полувреме, доволно за седми триумф на Шкупи во новата домашна сезона.

Силекс постигна гол за израмнување во финишот, но беше поништен поради офсајд во кој беше Тантуровски.

Силекс остана на петтата позиција со 14 бода пред утрешните дуели од 10. коло во Првата македонска лига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести