Иско го менува правецот – Сега Баерн е фаворит за ангажман на шпанскиот репрезентативец

Иско се уште е во лоши односи со тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, иако беше капитен на последниот меч на „кралскиот клуб“ во купот на Шпанија и се поизвесно е дека ќе го напушти таборот на актуелниот европски првак.

Се шпекулираше дека Јувентус е прв фаворит за ангажман на репрезентативецот на Шпанија, кој има неверојатно висока отштетна клаузула од 900 милиони евра, но „Билд“ објави дека Баерн и Реал Мадрид се блиску до договор.

Односите на шпанскиот гигант и на Јувентус се затегнаа со трансферот на Кристијано Роналдо во редовите на италијанскиот шампион, па сега Баерн е фаворит за ангажман на Иско.

На Нико Ковач му требаат засилувања, а според хрватскиот тренер на Баерн Иско е идеално решение за засилување на офанзивниот дел од средниот ред на Баварците.

- Оглас -

Најнови вести