Искуството и трофеите на Севилја во Лигата на Европа се бесценети (Видео)

Со голот на Аргентинецот Лукас Окампос во 88-мата минута, Севилја го победи Вулверхемптон со 1-0 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Европа, каде што ги чека Манчестер јунајтед.

Волците утнаа пенал во првото полувреме, Раул Хименес не го издржа притисокот за првпат откако е играч на Вулверхемптон и утна пенал. Овој клуб 48 години немаше играно четвртфинале на европска сцена и тоа скапо го плати, со примен гол во финишот. Банега нафрли, а неговиот сонародник Окампос ја однесе Севилја во полуфиналето. Андалузијците се најтрофеен клуб во Лигата на Европа, а имаат и серија од 10 меча без пораз.

https://twitter.com/i/status/1293288398279585794

- Оглас -

Најнови вести