Вардарецот Гаџа го нокаутира Исланд – Хрватска подобро се снајде во ракометната вртелешка на ЕП (Видео)

Ракометарот на Вардар, Анте Гаџ, е јунакот на Хрватска во првата победа во втората фаза на Европското првенство против кандидатот за полуфинале, Исланд.

Гаџа погоди последен за победа на Хрватите од 23:22 и го оддалечи Исланд од битката за медалите.

Во интересен меч, Исланѓаните водеа со 10:5 во првото полувреме, но потоа и губеа со пет гола разлика, 15:20, во вториот дел и на крајот доживеаа драматичен пораз со голот на Гаџа во самиот финиш.

 

Хрватска ги освои првите бодови во втората фаза, но нема шанси за полуфинале, кое сега изгледа далечно и за Исланд.

Хрватите ќе играат со Холандија во последното коло од Втората фаза, но немаат шанси за полуфинале, а Исланд го очекува мечот со Црна Гора, но и резултаите од последните два меча на Данска и на Франција за да се надева на полуфинале.

 

- Оглас -

Најнови вести