Исланѓаните уште отсега најавуваат: Во Рејкјавик ни доаѓа гол-машина!

Иако машките репрезентации на Исланд и Македонија утре во Рејкјавик ќе го одиграат својот меч од квалификациите за СП 2022, во некои исландски спортски портали не се пишува многу за натпреварот, и поинтересно им е нешто друго.

На 21 септември стартуваат квалификациите за женското СП 2023, а Исланѓанките тогаш ќе ја пречекаат Холандија. Иако има уште 17 дена до тој меч, се пишува и се најавува дека на гости им доаѓа Вивиан Миедема, една од најдобрите фудбалерки на светот. Миедема за националниот тим има 83 гола на 100 меча, а на неодамнешниот олимписки турнир во Токио, таа даде дури 10 гола, и тоа е нов рекорд во женскиот фудбал. Миедема игра за Арсенал, и двапати била прв стрелец во Лигата на шампионите.

Исланѓаните не се премногу возбудени што утре им гостува македонската машка репрезентација, веројатно планираат да освојат три бода, и тоа потценување може да биде добро за избраниците на Благоја Милевски.

- Оглас -

Најнови вести