Иснер сервираше дури 54 аса, а во пет сета победи и Алкараз

На Џон Иснер и Карлос Алкараз им требаа по пет сета за да се пласираат во второто коло на тенискиот гренслем Вимблдон.

Иснер против Французинот Куако отсервира 54 асови, од кои 6 на втор сервис. Ова е шести пат во кариерата на 37-годишниот Иснер да има 50 или повеќе асови на еден меч. Американецот во петтиот сет славеше со 7-5 во гејмови, па сега мирно го чека својот ривал во второто коло, веројатно домашниот миленик Енди Мареј.

Во пет сета се мачеше и младиот Алкараз, кој исто како и Рафаел Надал кога беше помлад, игра одлично на земја, но се мачи на трева. Алкараз губеше со 1-2 против Германецот Штруф, но некако го најде патот до победата.

- Оглас -

Најнови вести