Испадна од САД Опен па си се напи пиво: Ми помага побрзо да го заборавам поразот

Американската тенисерка Џесика Пегула испадна во четврт-финалето во женска конкуренција од Ига Свијатек, а потоа имаше и интересна прес конференција.

Таа си отвори пиво среде средбата со новинарите, а на едно новинарско прашање зошто пие пиво, таа му одговори.

„Ќе ми биде од помош кога ќе треба да уринирам за допинг тест, а и ми помага побрзо да го заборавам поразот“.

Таа во моментов е шести светски рекет а во својата кариера има заработено околу 5.5 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести