Испаднаа со стил – Лалињата летаа со најубавиот цепелин на ЕП (Видео)

Боби Шаген и Џефри Бумхауер изведоа многу атрактивна акција на мечот против актуелниот европски првак Шпанија, а крилото на Холанѓаните ја круниса со фантастичен гол со удар од зад грб.

Позицијата беше многу тешка, но цепелинот со веројатно и најубавиот гол на ЕП 2020 година умешно го реализира Бумхауер.

Холандија испадна од шампионатот со една победа против Летонија и два порази од Германија и Шпанија, но покажа дека напредува и во машкиот ракомет.

Женската селекција на Лалињата лани во Јапонија го освои златниот медал, што е најголем успех во историјата на холандскиот ракомет.

- Оглас -

Најнови вести