Испишана двојна историја, неверојатен рекорд на Леброн Џејмс и прв тим кој го водела жена (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го победи Сан Антонио спарс со 121-107 во натпревар кој се покажа како историски, бидејќи за првпат во постоењето на НБА лигата, еден кошаркар даде двоцифрен број поени на 1.000 натпревари од регуларната сезона по ред, и првпат како главен тренер на тим беше жена.

Леброн Џејмс, кој наполни 36 години, роденденот го прослави со победа, беше прв стрелец во својот тим со 26 поени и стана првиот кошаркар во историјата кој на 1.000 натпревари по ред дава 10 или повеќе поени. Ова е рекорд кој уште долго време нема да биде урнат, можеби и никогаш.

Втор на оваа листа е Мајкл Џордан со 866 меча по ред на кои давал двоцифрен број поени, а од активните втор е Џејмс Харден со 411. Џејмс последен пат помалку од 10 поени (застана на 8) даде во јануари 2007 година против Милвоки. Леброн осумпати играл на својот роденден и секогаш бил прв стрелец во тимот.

Кај Спарс, во втората четвртина тренерот Грег Попович беше исклучен, па функцијата главен тренер ја презеде неговата асистентка Беки Хемон. Некогашната ВНБА-ѕвезда стана прва жена која водела тим во НБА-лигата.

Ова е моментот кога Хемон дозна дека таа ќе треба да ги води Спарси:

- Оглас -

Најнови вести