Исполнето е ветувањето на Брајант, дресот на Гасол е точно таму каде што Коби рече дека ќе биде (Видео)

Лејкерси на свечена церемонија го повлекоа дресот на Пау Гасол под сводовите на „Крипто.ком“ арената каде се наоѓаат останатите дресови на легендите на ЛА Лејкерс.

Гасол на церемонијата не пропушти да го спомене неговиот голем пријател Коби Брајант, кој пред три години заедно со неговата ќерка и уште седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа, и кој пред пред неколку години даде ветување кое сега е исполнето.

Имено, на социјалните мрежи посветени на Брајант, се појави емотивно видеоа во кое Коби од управата на Лејкерси побарал дресот на Гасол кога ќе биде повлечен, да се наоѓа покрај неговите два.

„Тој (Гасол) е мој брат и засекогаш ќе остане така. Кога ќе се повлече неговиот дрес, тој под сводот на арената ќе биде поставен покрај мојот .Не би ги освоил тие титули беа Пау. Ние го знаеме тоа, сите го знаат тоа. Дојде во Лејкерси и промени сè. Изградивме нова династија и не можам да му се оддолжам за тоа. Тој е прекрасна личност“, се зборовите на Коби.

И Гасол на посевен начин му се оддолжи на легендарниот кошаркар и на неговата ќерка Џијана која почина во хеликоптерската несреќа.

„Целосното име на мојата ќерка е Елизабет Џијана Гасол. Да се има нејзиното име, како сеќавање на Џиџи, претставува многу за мене. Ќе се обидам да бидам добар татко на мојата ќерка и добар вујко на неговите ќерки“, изјави во едно интервју Па Гасол.

- Оглас -

Најнови вести