Исповед на Вејн Руни: Пиев алкохол додека не паднам во несвест!

Еден од најдобрите англиски напаѓачи во историјата, Вејн Руни, во еден поткаст говореше за проблемите со алкохолот што ги имал во раните години од неговата фудбалска кариера.

Легендата на Манчестер јунајтед призна дека кога бил тинејџер, па и потоа многу пиел затоа што не можел да се справи со славата. Руни своето деби во Премиер лигата го имаше во дресот на Евертон на 16 години.

„Имав со кого да разговарам, но претпочитав да не го правам тоа. Мојот спас беше алкохолот. Пиев додека не паднам. Само седев дома, не сакав да бидам меѓу луѓе. Имав чувство дека ги разочарувам луѓето и не знаев како да се носам со тоа. Кога не добиваш помош и совет од други, можеш да се најдеш на лошо место, а јас бев таков пример во период од неколку години. За среќа, веќе не се плашам да зборувам со луѓето за проблеми“, отворен е Руни, кој во моментов е тренер на Бирмингам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести