Ист како татко му, Мик Шумахер нема попуст ни за тимскиот колега (Видео)

Младиот Мик Шумахер, кој е син на седумкратниот Формула 1 првак Михаел, од славниот родител ја има наследено желбата за победа, но уште нема искуство, па направи голема глупост која му наштети на неговиот тим за кој се трка во Формула 2.

Во момент на три круга до крајот, кога неговиот клупски колега Роберт Шварцман беше на прво место, Мик Шумахер безмилосно се залета од позади и удри во болидот на Русинот Шварцман, оштетувајќи ги двете возила и шансата за „еден-два“ победа на Према рејсинг отиде во неврат.

Кога двајца се караат, третиот користи, па Јапонецот Јуки Цунода ја искористи оваа колизија на тимските колеги за да избие на прво место и на крајот прв да мине низ целта. Шумахер беше втор, а Шварцман дури 13-ти. Шумахер и Шварцман се експрваци во Формула 3, а сега во Формула 2 се надеваат на повик во иднина да возат за тимот на Ферари во Формула 1.

Шумахер се извини, но мало фајде од тоа за Шварцман, кој е трети во генералниот пласман (Мик Шумахер е седми) и не освои бодови кои одлично ќе му дојдеа во битката за врвот ако победеше.

- Оглас -

Најнови вести