Истекува времето за прогнозирање: Играјте Спортска прогноза за iPhone XS

Четвртото коло нуди неколку дерби-дуели, што ја прави Спортската прогноза поинтересна за играње. Секако, најнеизвесниот пар за прогнозирање е мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал, спектаклот на „Ванда Метрополитано“ дефинитивно ќе го одбележи спорткиот викенд кој ни претстои.

Не е само ова дерби во понудата, на Островот играат Манчестер јунајтед и Арсенал, но знаејќи во каква форма се двете екипи и колку неуспеси претрпеле изминативе сезони, мечот меѓу Ѓаволите и Топчиите како да го загуби оној познат сјај.

Некако стана и стандард колото да почне со меч од Бундеслигата, во сабота во 15.30, а на нашето мени е мечот меѓу Мајнц и Херта. До тој термин може да се прогнозира за четвртото коло, а веќе е познато дека во оваа сезона право на учество имаат сите обложуважи што имаат картичка од Sport Life во играта што е многу едноставна и бесплатна.

Сите што типувале, се борат и за Генералниот пласман. Колку повеќе редовно играте, толку ви се поголеми шансите да добиете награда.

Досега на стартот од втората сезона максимумот погодени е 11 двојки, а за да го имате во колекцијата популарниот iPhone XS, треба да се погодат сите 13 двојки во основната програма. Тука се 13-те двојки од основната понуда и плус уште два резервни пара кои се важат само во трката во Генералниот пласман.

За да бидете во тек, читајте Спорт Манија и, секако, одиграјте го четвртото коло на Спортска прогноза во обидот да дојдеме до првиот добитник на прекрасниот iPhone XS.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести