Истите тројца се и најдобри и најлоши изведувачи на пенали во 21 век

Кристијано Роналдо, напаѓачот на Јувентус, е лидер во 21 век според голови постигнати од пенал. Во ова рангирање предвид се земени само играчи од националните шампионати кои се во топ-5 лигите во Европа.

Португалецот Роналдо од 2000 година наваму има реализирано 114 пенали, и тоа е дури за 39 повеќе од кој било друг фудбалер во овој период. Затоа и некои фанови го нарекуваат Пеналдо. Второто и третото место го делат Лионел Меси и Франческо Тоти со по 75 погодени пенали, а зад нив е Златан Ибрахимовиќ со 64. Во првата десетка се уште Френк Лампард (50), Единсон Кавани (48), Стивен Џерард (46), Алесандро Дел Пјеро (44), Роналдињо (44) и Серхио Агуеро (41).

Направена е табела и на играчи кои утнале најмногу удари од белата точка во последните 20 години.

Најголем број утнати пенали има Меси, дури 22, што во просек е повеќе од еден годишно. Тука второто и трето место го делат Кристијано Роналдо и Франческо Тоти, кои утнале по 18 пати.

Двоцифрен број пенали утнале и Антонио ди Натале (14), Кавани (13), Вејн Руни (12), Агуеро (12), Роналдињо (10), Руд ван Нистелрој (10) и Ариц Адурис (10).

- Оглас -

Најнови вести