Историја: 50.000 навивачи го следат мечот на еден од коорганизаторите на СП

Натреварот помеѓу Филипини и Доминиканска Република влезе во историјата на кошаркарските Светски првенства бидејќи е поставен рекорд по бројот на гледачи.

Дури 50.000 навивачи се присутни во Арената „Филипино“, а со цел да биде соборен рекордот, претседателот на државата, Фердинанд Маркос, ја суспендира работата во училиштата и јавните институции во Манила.

Претходниот рекорд на најпосетен натпревар во историјата на Светските првенства беше поставен на СП 1994 година во Канада, кога дуелот меѓу САД и Русија го следеа 32.616 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести