Историја – Каталонките ги потопија Кралиците во првото женско „Ел Класико“

Испишана е историја во шпанскиот фудбал за жени. Првото „Ел Класико“ меѓу женските екипи на Реал Мадрид и Барселона заврши го убедлив триумф на Каталонките од 4-0.

Барселона стартуваше со голема победа во одбрана на титулата во Шпанија, доминантно мина во престолнината против новоформираниот тим на Реал Мадрид. Исабел, Мартенс и Путелјас во вториот дел од мечот се надоврзаа на водечкиот гол за гостите од 19-тата минута.

За дваесетина дена, поточно на 25 октомври, е закажано првото овосезонско „Ел Класико“ меѓу великаните во машка конкуренција, Реал и Барса, па ќе се види каков ќе биде исходот од тоа дерби.

 

- Оглас -

Најнови вести