Историја: Полското 19-годишно чудо го освои „Ролан Гарос“ и тоа без загубен сет!

Полската тенисерка Ига Швјонтек, е сензационална победничка на „Ролан Гарос“ во женска конкуренција. За Ига која има 19 години, ова е прва ВТА титула во кариерата. Таа во финалето ја совлада Американката Софија Кенин со 6-4, 6-1.

Швјонтек до титулата во Париз дојде без загубен сет, што само го зголеми значењето на нејзиниот подвиг. Таа е првата тенисерка од Полска која освоила гренд-слем.

- Оглас -

Најнови вести