Историја – првпат ќе има реприза на едно финале на младинско ЕП

Второ Европско првенство за играчи до 21 година по ред, во финале ќе играат Шпанија и Германија, и ова е прв ваков случај во историјата на младинските континентални првенства. Никогаш претходно не се случило исти две земји да се сретнат во финале на две ЕП по ред. Преклани во Полска, Германците беа подобри, а сега во Италија, Шпанците добија шанса за реванш.

Германците и Шпанците дадоа по четири гола во своите полуфиналиња, и јасно е дека в недела вечер во Удине ќе има спектакл.

Последен тим кој загубил две финалиња по ред на младинско ЕП беше некогашна Демократска република Германија во 1978 и 1980, па Шпанија има мотив плус. Инаку, „црвената фурија“ има четири финалиња на последните пет шампионати за играчи до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести