Историја: Викендов во Германија повеќе публика имало на мечевите од втора лига отколку од Бундеслигата!

Втората Бундеслига во Германија, популарната Цвајта, во саботата и неделата за првпат во историјата привлече повеќе публика вкупно отколку елитната Бундеслига.

На деветте меча во втората лига, имало вкупно 284.643 гледачи, додека на средбите во Бундеслигата имало 261.099 навивачи.

Шалке 04 и Херта Берлин играа дома пред повеќе од 50.000 навивачи, нашиот Дарко Чурлинов, кој игра за Шалке, на второлигашки меч настапи пред 60.542 фанови во Гелзенкирхен, а најпопуларните клубови во Бундеслигата, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, викендов гостуваа на помали стадиони, па просекот беше помал од вообичаеното.

Иако германската елитна Бундеслига е најгледана лига во Европа со просек од нешто повеќе од 44.000 гледачи по меч, сепак викендов се случи да бидат надминати од второлигашите.

- Оглас -

Најнови вести