Историја во Евролигата: Реал Мадрид и Анадолу Ефес ги урнаа сите рекорди!

Натпревар за паметење одиграа екипите на Реал Мадрид и Анадолу Ефес вечерва во Евролигата. Двете екипи во одреден момент беа блиску до победата, но „кралскиот“ клуб победи после дури четири продолженија од по пет минути или вкупно 60 минути активна игра со 130-126.

Ова е најдолгиот евролигашки натпревар во историјата, со оглед на тоа дека првпат се играа дури четири продолженија. Постигнатите 256 поени се рекорд по бројот на поени, а воедно и двете екипи го надминаа рекордот од 123 поени.

Шејн Ларкин од екипата на Анадолу Ефес е првиот кошаркар во Евролигата кој одиграл над 50 минути на еден натпревар, а Џенан Муса е клупски рекордер на Реал Мадрид како кошаркар кој прв стигнал до бројката од 40 поени за „кралскиот“ клуб во Евролигата.

Што се однесува до мечот, тој заврши со резултат 81-81 после регуларните 40 минути. После првото продолжение беше 91-91, после второто 102-102, додека после третото продолжение на семафорот имаше шест единици, 111-111.

- Оглас -

Најнови вести