Италијанецот Кими Антонели беше најбрз на квалификациите и утрешната трка во Шангај за Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе ја стартува од пол-позицијата.
Со ова се испиша историја: Антонели кој има 19 години (во август ќе наполни 20), стана најмладиот во историјата на Ф1 кој освоил пол-позиција.
Антонели кој првпат ќе има пол-позиција во кариерата, беше за 222 илјадитинки побрз од тимскиот колега Џорџ Расел кој утре тргнува од второто место. Во вториот ред, на трето и четврто место се најдоа Шарл Леклер односно Луис Хамилтон од Ферари, додека на петто и шесто место се двата Мекларени.

