Историја во Мото ГП – Квартараро е најмлад возач со пол-позиција

Фабио Квартараро направи големо изненадување на квалификациите во Херес во пресрет на четвртата Мото ГП трка сезонава. Французинот стана најмлад возач со пол-позиција во најбрзиот циркус на две тркала, а воедно постави нов рекорд на патеката во Шпанија со време од 1.36,880 минути. Исто така, за Квартараро ова е прва пол-позиција во неговата дебитантска сезона во Кралската класа.

Неговиот клупски колега Франко Морбидели ја комплетираше 1-2 победата на квалификациите, што значи дека тимот на Јамаха петронас утре ќе стартува од првите места со двајцата возачи.

Третото место припадна на актуелниот светски шампион Марк Маркес, четврти заврши Андреа Довициозо, додека првата петорка ја комплетираше Маверик Винјалес.

Трката за Големата награда на Шпанија е закажана за утре во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести