Историја во Шпанија: Алкалоид го освои првиот бод во ракометна Европа!

Екипата на Алкалоид испиша историја и го освои првиот бод во ракометна Европа откако успеа да одигра нерешено на гостувањето во Шпанија, против Логроњо Ла Риоха, 29-29.

Момците на Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар, добро се држеа во текот на првото полувреме, но концентрацијата попушти во финишот и на противникот му дозволија да оди на паузата со предност од три гола, 18-15.

Во вториот дел имаше фуриозна игра на Алкалоид, која донесе и водство. Фармацевтите од Скопје беа многу блиску и до победата во самиот финиш. Омерагиќ имаше зицер контра на 28-28, но не успеа да реализира, а противникот брзо дојде до погодок за 29-28. Сепак, на пет секунди до крајот, десното крило Петковски реализира за историски 29-29 во Шпанија.

Францускиот интернационалец Арно Бинго со седум гола беше најефикасен во редовите на Алкалоид, додека Иван Џонов додаде уште шест гола.

- Оглас -

Најнови вести