Историјата меѓу Македонија против Словенија не го отсликува денешниот коефициент на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација го направи посакуваното на Светското првенство, а тоа е пласманот во главната фаза. Го победивме Чиле и се изборивме за три нови силни дуели против европски ривали. Прво на мегдан ќе излеземе попладнево против Словенија, од 15:30 часот.

Според коефициентите во Sport Life, Словенија е апсолутен фаворит и прашање е само со колку разлика ќе победат денеска. Границата за победа со хендикеп на Словенија е на 7,5 погодоци. Сепак, ако се види историјата и досегашните седум меѓусебни средби, Македонија никогаш немала пораз поголем од седум разлика во дуелите со Словенија.

Вкупниот биланс е три победи на Словенија, Македонија се радувала двапати, а два дуели завршиле нерешено. Последен пат играа во јануари лани, на пријателска средба пред стартот на ЕП, а Словенија победи со 33:28. Тоа што е интересно, сите седум меча со Словенија сме ги играле во јануари, а постигнати се следните резултати:

јануари 2020 година: Словенија – Македонија 33:28

јануари 2018 година: Македонија – Словенија 25:24

јануари 2017 година: Словенија – Македонија 29:22

јануари 2016 година: Словенија – Македонија 23:23

јануари 2016 година: Словенија – Македонија 28:28

јануари 2015 година: Словенија – Македонија 30:28

јануари 2012 година: Македонија – Словенија 28:27

 

- Оглас -

Најнови вести