Историска одлука која може да го уништи фудбалот: Ќе има европска Суперлига

Европскот суд на правдата денеска ја донесе одлуката која ќе го промени фудбалот од корен и пресуди во корист на европската Суперлига.

На читањето на конечната пресуда, судиите од Европскиот суд на правдата рекоа дека УЕФА и ФИФА ја злоупотребиле својата моќ и нивната одлука да го запрат формирањето на Суперлигата е спротивно на европските закони за конкурентност.

https://twitter.com/i/status/1737759575233663159

 

Оваа одлука сигурно нема да им се допадне на огромен број фанови бидејќи Судот практично даде зелено светло за формирање на Суперлигата, која нема да биде под ингеренција на УЕФА и која ќе биде затворено натпреварување во кое ќе учествуваат само најголемите и најбогатите екипи без разлика на пласманот во националните првенства. Клубовите би имале можност и да одбијат да играат во националните првенства и да се фокусираат само на Суперлигата.

Европската Суперлига во април 2021 година ја формираа 12 фудбалски гиганти, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Јувентус, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем.

Тогаш само по 24 часа, поради притисокот од јавноста, навивачите и политичарите, прво англиските екипи се повлекоа, а потоа и двата тима од Милано, како и Јорганџиите. Годинава се повлече и Јувентус, а единствени заговорници останаа Барселона и Реал Мадрид, чии претседатели Жоан Лапорта и Флоренитно Перес започнаа правна битка која денеска ја добија.

 

- Оглас -

Најнови вести